Често поставувани прашања
Доколку имате други прашања, слободно контактирајте не или посетете не за да дознаете повеќе за нас.
Препорачана возраст за почеток е 4 години, бидејќи децата на оваа возраст започнуваат да ја развиваат својата координација и чувство за ритам. Но, во Еурека имаме часови за сите возрасти, без разлика на возраста најдобро време за почеток е ДЕНЕС.
Се наоѓаме во Скопје, работиме на 4 локации за да бидеме поблиску до нашите членови. Можете да не посетите на една од нашите локации: Капиштец, Автокоманда, Бутел или Ново Лисиче. Наскоро и на Локација Кисела Вода.
Во Eureka се фокусираме на хип-хоп и други современи стилови. За сите возрасти, часовите овозможуваат основи во танцот.
Не, не е потребно предзнаење. Нашите часови се адаптирани во групи за различни нивоа, од почетници до напредни танчери.
Пријавувањето е лесно и може да се направи онлајн преку нашата веб-страница, преку социјалните медиуми или телефонски. Не се премислувајте, контактирајте не.
Часовите се одржуваат два до три пати неделно, во зависност од групата и нивото. Програмите се прилагодуваат според потребите на групата.
Да, нудиме приватни часови за оние кои сакаат напредок. Приватните часови се приспособени на потребите и целите на ученикот, без разлика дали тоа е подобрување на техниката, подготовка за натпревар или личен интерес. Доколку сте заинтересирани, контактирајте не за повеќе информации.
Да, членовите на Eureka имаат можност да учествуваат на натпревари, настапи и настани во и надвор од нашата држава. Патувањата се едно од најубавите животни искуства за децата.
За часовите е најдобро да носите удобна опремата за вежбање ( чиста маица, тренерки / хеланки / шорцеви, и чисти патики ) Косата за време на секој тренинг треба да биде уредно собрана.
Еден час во Eureка започнува со кратко загревање за да се подготват телото и мускулите за танц. Потоа, следуваат вежби за техника и координација, каде членовите ги усовршуваат основните чекори и движења. Главниот дел од часот е посветен на изучување на кореографија или специфични чекори и техники. На крајот, завршуваме со истегнување за да се намали ризикот од повреди и да се затвори часот.
Можете да не следите на Instagram (@eurekadancecompany) и на нашата веб-страница каде редовно објавуваме информации за идните настани, настапи и натпревари.