Нашиот тим
Катерина е срцето и умот зад Еурека. Како основач и креативен директор, таа ја води нашата визија со неуморна страст и посветеност. Со повеќе од две децении искуство во светот на танцот и педагогијата, Катерина не само што ја обликува уметничката насока на студиото, туку и создава средина каде што секое дете се чувствува прифатено, инспирирано и охрабрено да го даде својот максимум. Под нејзино водство, Еурека стана место каде што иновативноста и традицијата одат рака под рака, а секој член на студиото е дел од една поголема, уметничка приказна.
Катерина Јолакоска
Основач и Креативен директор
Теодора е е член на Еурека од самото основање и инструктор по танц повеќе од 10 години. Таа е вистинскиот спој на креативност и организација во Еурека. Како инструктор и маркетинг менаџер, таа игра двојна улога: од една страна, го инспирира и насочува нашите танчери со своите часови, а од друга страна, ја води стратегијата за тоа како Еурека ќе биде препознатлива на сцената. Најстариот член, но и инструктор, кореограф, позади камера и секој пост на Инстаграм и Facebook. Со својата страст кон танцот и остар сет за маркетинг се грижи дека секој успех и секоја приказна од Еурека ќе стигне до што поголема публика.
Теодора Јолакоска
Инструктор и Маркетинг менаџер
Ања со нејзините 20 години е член на Еурека целиот нејзин живот. Таа е најмладиот инструктор во Еурека, но нејзината енергија и талент се на исто ниво со најискусните. Со свежи идеи и динамичен пристап, Ања внесува нова перспектива во студиото. Иако е најмлада, Ања успева да создаде врска со учениците која е заснована на доверба и разбирање, што ја прави омилена меѓу нив. Таа е жив пример дека страста и посветеноста не познаваат возраст, и преку својот труд и љубов кон танцот, ги мотивира сите околу себе да го дадат најдоброто од себе.
Ања Јолакоска
Инструктор
Тамара е член на Еурека 22 години и е вистински пример за тоа како страста и професионализмот можат да се спојат во една личност. Како инструктор во Еурека, таа ги пренесува своите знаења и љубов кон танцот на новите генерации. Тамара има способност да балансира меѓу дисциплината и креативноста. Со прецизноста и вниманието што ги носи од банкарството, таа им дава на своите ученици стабилност и структура.
Тамара Богатиновска
Инструктор
Елена е член на Еурека 18 години и е уникатна комбинација на уметност и академски живот. Како инструктор во Еурека, таа ги инспирира своите ученици да ја откријат и изразат својата креативност. Елена ги пренесува своите академски знаења во танцовата сала, каде што ги учи своите ученици не само како да се движат, туку и како да размислуваат и чувствуваат преку танцот. Таа успева да ги спои теоријата и практиката, создавајќи средина каде што танцот станува средство за длабоко личен и социјален израз. Со Елена, секој час е повеќе од само учење на кореографија—тоа е патување во светот на емоциите, идеите и конекциите.
Елена Чекова
Инструктор
Стефани е член на Еурека од своите 4 години. Како инструктор во Еурека, таа ги мотивира младите танчери да ја изразат својата енергија и страст преку движењето. Воедно, како технолог во фармацијата, таа е посветена на здравјето и благосостојбата на луѓето. Стефани ги пренесува своите познавања за телото и здравјето во танцовата сала, осигурувајќи дека нејзините ученици го разбираат значењето на физичката кондиција и грижата за себе и верува дека доброто здравје е клучно за успешно танцување, и тоа е принципот кој го пренесува на секој свој час.
Стефани Кралевска
Инструктор
Дел од тимот на Еурека од самиот почеток. Како долгогодишен педагог во основното образование, ја внесува својата посветеност и знаење во секој аспект од работата со децата во Еурека. Како педагог, таа ги разбира потребите и предизвиците на младите умови и знае како да ги насочи кон успех и личен развој. Нејзиниот пристап е темелен на длабоко разбирање на образовниот процес и на важноста на индивидуалниот пристап кон секое дете.
Даниела Салтирова
Стручен соработник
Со својата уметничка визија и страст кон танцот, Наде го пренесува својот талент и на сцената и зад неа. Нејзината задача е спој на естетика и движење, создавајќи средина каде што уметноста и танцот се надополнуваат и инспирираат.
Наде Андова
Графички дизајнер и асистент инструктор
Матеа е дел од тимот повеќе од 10 години, прво како танчер а сега како лицето кое стои зад препознатливиот визуелен изглед на Еурека. Од дизајнот на веб-страницата до создавањето на брендингот, Матеа се грижи за секој детал што ја претставува нашата приказна и енергија. Таа ја обликува визуелната идентификација на студиото, правејќи го секој елемент уникатен и впечатлив. Матеа е одговорна за тоа како изгледа и се претставува Еурека, носејќи свежина и модерност во секој аспект од нашето студио.
Матеа Кантурска
Графички и Веб дизајнер