ПРАВИЛA НА ЕУРЕКА
1. Секој член на студиото треба редовно да ги посетува сите часови (нередовноста повлекува недоволно напредување, а со тоа и незадоволство од родителите, детето и инструкторот). Доколку не е во можност да присуствува на тренингот, истото треба да е благовремено најавено со цел организација на просторот за работа.
2. На часовите треба да се доаѓа на време, односно 10 минути пред почетокот на часот.
3. Часовите ќе се одвиваат три пати неделно со траење од по 60 минути
4. Членарината се плаќа однапред во месецот, односно во првите три одржани часови, и истата се плаќа на уплатница.
5. Во една учебна година секој член плаќа вкупно 10 целосни чланарини, започнувајќи од месец септември, заклучно со месец јуни.
6. Редовните часови официјално НЕ се отворени за посета на родители. Посетата на час се реализира по предходна најава и договор со инструкторот и се препорачува тоа да се случи најмногу еднаш во текот на едно полугодие.
7. Доколку детето континуирано отсуствува цел месец се одбива дел од чланарината во следниот месец.
8. Доколку групата се подготвува за настапи, натпревари и сл. ќе се закажат дополнителни часови кои однапред се најавуваат и за кои НЕ се доплаќа дополнително.
9. Тимот на студиото е должен да го информира родителот за сите евентуални промени на термини, а тоа ќе го стори по порака или јавување на телефон. Заради тоа ЗАДОЛЖИТЕЛНО е да се остави телефон за контакт.
10. Секое отсуство задолжително треба да се пријави кај инструкторот или Катерина (одговорна за работата на студиото)
11. Опремата за вежбање е чиста маица, тренерки / хеланки / шорцеви, штитници за колена и чисти патики. Во задолжителна опрема е и термос за вода, подлога за вежбање и чисто пешкирче. Косата за време на секој тренинг ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да биде уредно собрана
12. При упис во Еурека, секој член мора да приложи документ од спортска медицина дека е дозволено активно да се занимава со физичка активност